• сабота, 23 ноември 2024

Над 40 кубни метри кабаст отпад собрани викендов во Куманово

Над 40 кубни метри кабаст отпад собрани викендов  во Куманово

Куманово, 6 ноември 2023 (МИА) - Надлежните од јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ се задоволни од акцијата за изнесување кабаст отпад на подрачјето на Куманово, информираа на денешната прес-конференција од комуналното претпријатие. И покрај врнежливото време и верскиот празник Задушница, кумановци оставале мебел и друга покуќнина на четирите локации за одлагање на кабаст отпад.

- Вкупно имаше осум корпи некаде околу 40 кубни метри кабаст отпад. Претежно мебел, имаше и електронски отпад, кој уредно е тргнат на страна, изјави директорот на ЈП, Даниел Стојчевски.

Отпадот се депонира на „Краста“ каде соодветно се третира и уништува

Вакви акции ќе се организираат и наредниот период.

- Благодарност до медиумите кои навреме информираа. Ова е најефикасен и најекономичен начин за одлагање на кабаст отпад и се надеваме дека вакви зачестени акции ќе придонесат да не се остава мебел на несоодветни локации и да не се загадува ниту реката, изјави Стојчевски.ам/ир

Фото: МИА и ЈП „Чистота и Зеленило“

 

 

Остани поврзан