• понеделник, 23 декември 2024

Над четири илјади полицајци и безбедносни лица ќе работат во Париз за време на натпреварот Франција – Израел

Над четири илјади полицајци и безбедносни лица ќе работат во Париз за време на натпреварот Франција – Израел

Париз, 12 ноември 2024 (МИА) - Националната единица за борба против хулиганизмот на француската влада гледа потенцијал за големи немири околу натпреварот од Лигата на нации меѓу Франција и Израел и мечот го прогласи од најголем ризик.

Повеќе од четири илјади полицајци и безбедносни лица се повикани да го одржуваат редот и законот во Париз, а особено во областа „Стад де Франс“ каде што ќе се игра натпреварот. 

Франција, исто така, стравува од неконтролирани насилни демонстрации против израелскиот тим поради војната на Блискиот Исток. 

На натпреварот се очекува да присуствува францускиот претседател Емануел Макрон.

Натпреварот Франција - Израел ќе се одигра на 14 ноември со почеток во 20:45 часот.

Французите се на второто место во групата 2 од Лигата А со 9 бодови, додека Израелците се на последното место без освоени бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан