Над седум отсто повисоки приходите од туризмот на Кипар во периодот јануари - ноември 2024 година
- Пораст од над 206 милиони евра, односно 7,1 отсто бележат приходите од туризмот во Република Кипар во периодот јануари – ноември 2024 година, согласно официјалните податоци од кипарската Служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина.
Никозија, 29 јануари 2025 (МИА) – Пораст од над 206 милиони евра, односно 7,1 отсто бележат приходите од туризмот во Република Кипар во периодот јануари – ноември 2024 година, согласно официјалните податоци од кипарската Служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина.
Приходите во првите 11 месеци изнесуваат 3,12 милијарди евра наспроти 2,91 милијарди евра во истиот период од 2023 година, со што 2024 година се очекува да биде рекордна, со оглед на тоа што, како што пишуваат кипарските медиуми, веќе се надминати приходите од туризмот за целата 2023 година, што биле 2,99 милијарди евра.
Во ноември бил регистриран најголем годишен пораст од сите месеци минатата година, а врз основа на резултатите од истражувањето на службата, приходите од туризмот во конкретниот месец се 138,7 милиони евра, за 22 проценти повеќе споредбено со ноември 2023 година. ср/ссм/