• сабота, 23 ноември 2024

Надлежните најавуваат замрзнување на цената на лебот, мелничарите се закануваат со прекин на производството

Надлежните најавуваат замрзнување на цената на лебот, мелничарите се закануваат со прекин на производството

Скопје, 28 февруари 2023 (МИА) - Цената на белиот и полубелиот леб од денеска ќе се замрзне, а по донесувањето на ваквата одлука треба да изнесува максимум 33 денари. Но, ако тоа се случи, мелничарите најавуваат дека ќе го прекинат производството.

Мерката за замрзнување на цената на лебот ја предложи Министерството за економија по анализите кои покажуваат дека повеќето компании од прехранбената индустрија, иако добиле субвенционирана струја, и по три месеци не ги намалиле цените на производите. Пекарите тоа го негираат и тврдат дека во целост ја почитувале мерката за субвенционирање на елекричната енергија. Цените на лебот, велат, се намалени повеќе од вредноста на субвенцијата што ја примаат. Воедно предупредуваат дека ако се замрзне цената на лебот ќе претрпат огромни штети, од 3.000 до 15 000 евра дневно и ќе бидат принудени да ги затворат производствените капацитети.

Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме Одлука според која започнувајќи од утре, заклучно со 30 септември 2022 година за леб бел - сечен на п

-Во вторник ќе се замрзне цената и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Цените нема да се зголемат по завршување на мерката, освен ако се зголемат цените на суровините и тогаш може да има нагло покачување на цената, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши во саботата.

null

Според него, не може да има разлика во цената и ист леб да чини од 28 до 38 денари.

Бектеши потенцира дека ќе се прават инспекциски контроли и во делот на грамажата.

-Утврдено е дека одредени производители и трговци ги намалуваат цените, но ги намалуваат паралелно и количините на тој производ. Затоа, под 450 грама бел и полубел леб не може да се продава и тоа ќе биде со утврдена цена. Под тоа може да биде, но над тоа не може да биде, рече министерот.

Дел од производителите на леб во земјава ја зголемија цената, а штипските пекарници се уште лебот го продаваат по старата цена. Николче Малинов сопственик на пекарница вели дека и тие ќе ја з

Мелничарите вчера одржаа состанок во Стопанската комора и донесоа едногласен заклучок - ако Владата ја донесе мерката за ограничување на цената на лебот, од следниот ден нема да има леб на пазарот.

-Дента кога ќе излезе одлуката за замрзнување на цените во Службеник весник, од наредниот ден нема да се произведува леб и да се носи на пазарот, истакна претседателот на Групацијата за мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ. 

Тој објасни дека изминатите два месеца на пазарот цените се намалиле, но имало варијации, зависно од видот на лебот и грамажата, од 33, 35 до 50 денари.

За пекарската индустрија од огромна корист би биле и ноќните вишоци што ги продава ЕСМ зашто и онака 75 отсто од производството се изведува во ноќните часови.

-Цените почнаа нагло да се намалуваат последниве 30 дена. Постои модел како треба Владата да направи социјална цена на социјален леб, како што е направено во Србија. Јасно и гласно е кажано уште пред две години – за да направите социјална цена на леб, и да го задоволите населението, треба да се фатите за џев, народски кажано. Во Србија државата субвенционира 30 проценти од цената на брашното на пекарниците за да има одредена цена која српската Владата ја покачи пред три дена. Постојат модели, да, тоа е трошок, но ако сакаме да имаме социјална цена со една цена на пазарот мора Владата да субвенционира, не можеме да бидеме ние општествено одговорни компании кои ќе бидат во загуба, рече Малишиќ.

Со мерката за субвенционирана струја која се применува веќе три месеци, се опфатени компании што произведуваат масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, како и месната и живинарската индустрија. мч/дма/

Фото: МИА 

 

Остани поврзан