• понеделник, 23 декември 2024
На денешен ден
30 јуни 2021 (МИА)   1859.- На ортома растегната над Нијагарините водопади Чарлс Блондин, пред 25.000 гледачи, преминал од САД во Канада. 1908.- Во источен Сибир паднал метеор, предизвикувајќи џиновска експлозија и земјотрес што се почувствувал и во централна Европа. 1913.- Со нападот на бугарските сили на позициите на српската и на грчката војска во Македонија почнала Втората балканска војна, што завршила со мирот склучен во Букурешт, на 10 август 1913 година. 1934.- Германскиот нацистички водач Адолф Хитлер ја започнал пресметката со политичарите и со воените личности од сопствената Национал-социјалистичка партија. Притоа биле убиени стотина негови приврзаници и други активисти, меѓу кои и Ернст Рем, еден од највлијателните личности. 1941.- Непосредно по капитулацијата на Полска (1939 г.), Германците го изградиле логорот за масовно уништување, познат според германизираното име „Аушвиц“, според градот Освенцим, западно од Краков. 1949.- Во Скопје била изведена првата балетска премиера „Валпургиска ноќ“ од францускиот композитор Шарл Гуно, а во кореографија на Ѓорѓи Македонски. 1960.- Белгија ја признала независноста на својата дотогашна африканска колонија - Конго. 1972.- Укината била смртната казна во САД. 1973.- Сенка на Месечината го прекрила целиот Африкански континент. Тоа било најдолгото замрачување на Месечината во поновата историја. 1974.- Алберта Кинг, мајката на убиениот американски свештеник, црнечки лидер и нобеловец Мартин Лутер Кинг, била убиена во текот на молитва во црква, шест години по атентатот врз нејзиниот син. 1974.- Рускиот балетан Михаил Николаевич Баришников емигрирал од СССР во Канада за време на турнејата со ансамблот на балетот на „Бољшој театарот“. 1993.- Битолскиот универзитет го добил името на еден од најистакнатите личности на словенската писменост „Свети Климент Охридски“. 1997.- Во Санта Барбара умрел Роберт Мичам, еден од најистакнатите американски филмски актери. Роден бил во Бриџпорт, на 6 август 1917 година. 2000.- Руското собрание го овластило претседателот Владимир Путин да ги сменува избраните функционери. 2005.- Шпанските пратеници го усвоиле законот за правата на хомосексуалците да стапуваат во брак и да посвојуваат деца, со што Шпанија, по Холандија, Белгија и Канада, станала четвртата земја во светот во која хомосексуалните бракови станале легални. 2019.- Поранешниот претседател на Црна Гора Момир Булатовиќ почина на 63 години. Булатовиќ беше претседател на Црна Гора од 1990 до 1998 година и претседател на Сојузната влада на СР Југославија од 1998 до 2000 година. Тој во 1989 година беше избран за претседател на Претседателството на Црна Гора, а за претседател во 1990 година, на првите повеќепартиски избори. По осум години, тој изгуби на претседателските избори од својот дотогашен соработник и премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.   ###

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан