• вторник, 24 декември 2024
На денешен ден
11 август 2021 (МИА)   1858.- Роден е холандскиот лекар Кристијан Ајкман, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1929 година, пронаоѓач на причинителот на болеста бери-бери. Нобеловата награда ја добил за откривањето на витаминот Б. 1941.- Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт се сретнале на еден брод во Атлантикот, каде што ја формулирале и на 14 август ја потпишале прочуената „Атланска повелба“, чии начела ги прифатиле и Обединетите нации во својата Декларација во 1945 година. Во повелбата меѓу другото се истакнува дека територијалната промена мора да биде во согласност со слободно изразената волја на народот, народите имаат право да си избираат за себе облик на владеење по волја и тоа право треба да им се врати на сите, и се предупредува дека народите во светот мораат да се откажат од употребата на сила. 1960.- Чад, држава во Африка која била во составот на Француска Екваторијална Африка, се здобила со независност. 1962.- Лансирани биле советските вселенски бродови „Васток - 3“ и „Васток - 4“ со астронаутите Николаев и Попович. Тоа беше прв повеќедневен групен лет во вселената и траел до 15 август. 1992.- Со одлука на Собранието на Република Македонија биле усвоени знамето црвено со златно-жолто сонце, со осум основни и осум споредни сончеви зраци кое беше во сила до 5 октомври 1995 година, кога е сменето во црвено со златно-жолто сонце, со осум сончеви зраци... и химната „Денес над Македонија“ на Република Македонија. 1993.- Пакистан ја признал Република Македонија. 1996.- Умрел чешкиот диригент и композитор Рафаел Јероним Кубелик кој во 1934 година, на 20-годишна возраст, почнал да диригира со Чешката филхармонија. 2003.- НАТО ја презел командата над 5.000 војници на меѓународните сили за помош и безбедност во Авганистан, што била прва мисија надвор од Европа во историјата на тој воено-политички сојуз.   ###

Остани поврзан