• петок, 26 јули 2024

Надал: Не сум 100 отсто сигурен дека ова е мојот последен турнир во Рим

Надал: Не сум 100 отсто сигурен дека ова е мојот последен турнир во Рим

Рим, 12 мај 2024 (МИА) – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одговори на прашањето дали неговиот настап на турнирот од серијата Мастерс во Рим е последен во неговата кариера во италијанската престолнина.

Во мечот од второто коло Надал загуби од Полјакот Хуберт Хуркач (1:6, 3:6).

- Не знам дали ова ќе биде мојот последен турнир во Рим. Зборував за Мадрид затоа што е вистина. Но, за овде не сум 100 проценти сигурен. Можеби 98 проценти, но нема да кажам 100 проценти, бидејќи тоа не е така. Чувството овде не е исто како во Мадрид. Друга приказна. Други околности, изјави Надал на прес-конференција.

Претходно, Надал објави дека има шанси да се натпреварува на Ролан Гарос оваа година само доколку биде целосно подготвен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан