Надал: Да видиме дали сум способен да одиграм два тешки натпревара за два дена
- Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на Мастерс тенискиот турнир во Мадрид, постигнувајќи ја третата последователна победа, прва ваква низа од летото 2022 година.
Мадрид, 30 април 2024 (МИА) - Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на Мастерс тенискиот турнир во Мадрид, постигнувајќи ја третата последователна победа, прва ваква низа од летото 2022 година.
- Го издржав предизвикот. Веднаш по натпреварот не чувствувам болка, но не знам како ќе се разбудам. Мора да почекаме. Ќе видиме дали ќе можам да играм напорни натпревари во последователни денови. Се надевам дека е така. Но, ова е ново за мене. Долго време не сум имал такви оптоварувања за време на еден натпревар, изјави Надал.
Шпанскиот тенисер изрази задоволство од неговото учество на турнирот во Мадрид.
-Уживам да играм овде. Времето кога сум овде на теренот има многу вредност за мене, и на тениски и на емотивен план, призна Рафа Надал.
Ветеранот вечер од 21:30 часот ќе се соочи со Јиржи Лехечка од Чешка во осминафиналето на турнирот во шпанската престолнина. зс/
Фото: ЕПА