Нагелсман е во потесниот круг на Реал, Анчелоти ќе го задржи местото само ако ја освои ЛШ
- Реал Мадрид може да го покани Јулијан Нагелсман на тренерската функција за следната сезона.
Мадрид, 18 април 2023 (МИА) - Реал Мадрид може да го покани Јулијан Нагелсман на тренерската функција за следната сезона.
Според „Sky Sport“, мадридскиот клуб е заинтересиран за услугите на поранешниот тренер на Баерн. Германецот е на потесниот круг на стручњаци чие назначување Реал може да го разгледа во скоро време.
Забележано е дека Карло Анчелоти ќе си го задржи тренерското место во Реал Мадрид само доколку тимот ја освои Лигата на шампионите оваа сезона.
За ангажман на Нагелсман се заинтересирани и премиерлигашите Челзи и Тотенхем. зс/
Фото: ЕПА