Муцунски: Евроинтеграцијата, придонесот во НАТО и партнерството со САД остануваат во фокусот
- -Чекорејќи по патот што успешно го трасиравме минатата година, во 2025 година ќе продолжиме да градиме партнерства, преку дијалог да бараме решенија на отворените прашања и со меѓусебна почит и разбирање да останеме кредибилен меѓународен партнер. Евроинетгарцијата и понатаму останува во фокусот како и нашиот придонес во НАТО и цврстото партнерство со САД, вели министерот Муцунски во видео честитката.
Скопје, 1 јануари 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во новогодишната видео честитка порачува дека фокусот во 2025 година ќе биде евроинтеграцијата на државата, придонесот во НАТО и цврстото партнерство со САД.
-Минатата година беше значајна пресвртница на државен план, година на промени што носат вистинско подобрување на животот на граѓаните и успешно позиционирање на нашата држава на меѓународната сцена, вели меѓу другото Муцунски.
Тој наведува дека изминатата година била исполнета со предизвици, но и со значајни успеси, наведувајќи голем број билатерални средби, зајакнатиот углед на државата, активен придонес во меѓународните организации, развивање на силни партнерства, како и придонес во глобалната политика мир и безбедност.
- Чекорејќи по патот што успешно го трасиравме минатата година, во 2025 година ќе продолжиме да градиме партнерства, преку дијалог да бараме решенија на отворените прашања и со меѓусебна почит и разбирање да останеме кредибилен меѓународен партнер. Евроинтеграцијата и понатаму останува во фокусот како и нашиот придонес во НАТО и цврстото партнерство со САД, вели Муцунски во видео честитката објавена на неговиот официјален фејсбук профил.
Подвлекува притоа дека дијалогот е основа на дипломатијата.
- Дијалогот е клучот за дипломатијата, а таа пак се заснова нa преговарање, иновации и неуморно барање политички решенија кои поттикнуваат мир и стабилност. Во тој дух, ви посакувам Новата година да донесе здравје, радост, меѓусебно почитување и успех на приватен и професионален план, порача министерот Муцунски. вг/бак/
Фото: Принтскрин од фб на министерот Тимчо Муцунски