• недела, 21 јули 2024

Муцунски-Буршаков: Отворањето Амбасада на Казахстан во Скопје - придонес кон натамошно продлабочување на билатералните односи

Муцунски-Буршаков: Отворањето Амбасада на Казахстан во Скопје - придонес кон натамошно продлабочување на билатералните односи

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се сретна со амбасадорот на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков при што ја поздрави одлуката на казахстанската Влада за отворање на Амбасада во Скопје.

Како што соопшти МНР, Муцунски му посака добредојде и успешна работа на амбасадорот Буршаков, прв резидентен Амбасадор на Република Казахстан во земјава.

-Соговорниците искажаа заемно задоволство од успешниот развој на односите меѓу двете држави, со очекување дека новоотворената Амбасада на Република Казахстан во Скопје ќе придонесе за натамошно продлабочување на економската соработка, бизнис врски и зголемување на трговската размена меѓу двете земји, стои во соопштението.

Воедно, се додава, министерот го запозна Амбасадорот со проектите и приоритетите на новата Влада, ставајќи акцент на нашиот евроинтегративен процес, а беа разменети и мислења за значајни надворешно-политички теми. вг/цр

Фото: МНР

Остани поврзан