• сабота, 23 ноември 2024

Мурињо разочаран по поразот од Евертон

Мурињо разочаран по поразот од Евертон
Лондон, 13 септември 2020 (МИА) - Тренер на Тотенхем, Жозе Мурињо беше разочаран по поразот од Евертон во натпреварот од првото коло во Премиер лигата.
  • По голот противникот имаше повеќе шанси како последица на фактот дека некои од нашите играчи не беа во најдобра кондиција. Тоа што се случи пред голот беше добра претстава. Создадовме две неверојатни шанси, а Џордан Пикфорд двапати му помогна на Евертон. Ние не постигнавме гол. Играта остана отворена.
Во второто полувреме, еден гол реши сè. Доколку на добри тимови како Евертон им биде дозволено да играат далеку од својот гол, тие ќе се чувствуваат многу пријатно со вештите играчи. Ако не им извршите притисок, тоа им ги ослободува рацете. Притиснавме мрзливо. Ова е последица на слаба физичка форма, слаба подготовка пред сезоната. Некои фудбалери воопшто немаа „претсезона“. Некои беа во лоша психолошка состојба. Не сакам да зборувам за тоа, бидејќи не сум сигурен, истакна Мурињо. Португалецот имаше замерки на судењето.
  • Таков гол не требаше да се случи кога има шест судии и ВАР на натпреварот. Недозволиво е да се игра слободен удар со поместување на топката 5-6 метри напред. Ова е од суштинско значење. Разочаран сум од мојот тим. Мојата порака до играчите ќе остане во соблекувалната. Драго ми е што Амазон повеќе не снима филм, сега разговорот ќе остане меѓу нас, додаде Мурињо. зс/

Остани поврзан