• петок, 08 ноември 2024

Мундо Депортиво: Во понеделник ќе се решава судбината на Чави во Барселона

Мундо Депортиво: Во понеделник ќе се решава судбината на Чави во Барселона

Барселона, 19 мај 2024 (МИА) - Раководството на Барселона утре ќе одлучи за иднината на тренерот на тимот Чави, пишува Мундо Депортиво.

Според шпанскиот спортски весник, 44-годишниот фудбалски стручњак ќе се сретне со претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта. Се наведува дека средбата може да има каков било исход.

Чави во јануари најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од актуелната сезона. Во април тој објави дека се премислил и ќе продолжи да работи во клубот.

Подоцна, се појави информација дека Барселона не е задоволна од јавните коментари на Чави за финансиските проблеми на клубот.

По 36 одиграни кола, Барселона (79 бодови) е на второто место во шпанската Ла Лига. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан