МППС објави конкурс за доделување на наградите за новинари „Гласник на невидливите“
- Македонска платформа против сиромаштијата (МППС) по шести пат го распиша конкурсот за доделување на „Награди за новинари кои ги гледаат невидливите“. Станува збор за доделување на наградите за новинарство „одоздола“, односно награди за новинари кои работат на социјални теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи.
Скопје, 7 март 2023 (МИА) - Македонска платформа против сиромаштијата (МППС) по шести пат го распиша конкурсот за доделување на „Награди за новинари кои ги гледаат невидливите“. Станува збор за доделување на наградите за новинарство „одоздола“, односно награди за новинари кои работат на социјални теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи.
- Она што овој проект го прави уникатен е составот на жирито, односно улогата на членови во жирито ја имаат исклучиво луѓе кои имаат искуство со живот во сиромаштија, наведуваат од МППС.
Сториите треба да се испратат на е-маил mppsmk@gmail.com, во оргинален формат или само линкот на медиумот каде што се објавени, заедно со пополнета апликација која може да се преземе на линкот https://bit.ly/3F2ucom .
-Наградите имаат за цел промовирање на новинарство кое ги опфаќа многуте аспекти на сиромаштијата и социјалната исклученост, поддржуваат известување кое ги почитува граѓаните и внимава на нивното достоинство и изразуваат поддршка на новинарите кои им даваат видливост и гласност на граѓаните кои вообичаено не ги гледаме и слушаме. Конечната цел е да се доделат награди на општествено посветени новинари, кои внимаваат да не градат стереотипи и не се водат од сензационализам, се наведува во соопштението. мс/лв/
фото/МИА архива