• петок, 26 јули 2024

Мората би можел да се пресели во Милан

Мората би можел да се пресели во Милан

Мадрид, 14 мај 2023 (МИА) – Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората може да направи трансфер во Милан, објави „Goal.“

 

Раководството на актуелниот италијански шампион е заинтересирано да ангажира играч кој има искуство со играње во Серија А.

 

Мората двапати играше за Јувентус, од 2014 до 2016 година и од 2020 до 2022 година.

 

Триесетгодишниот Шпанец оваа сезона забележа 42 настапи за мадридскиот клуб постигнувајќи 15 голови и три асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан