• четврток, 19 декември 2024

МОН: Рокот за достава на документите за студентска стипендија е од 1 до 30 октомври

МОН: Рокот за достава на документите за студентска стипендија е од 1 до 30 октомври
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Министерството за образование и наука (МОН) ги известува сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на ова право, дека рокот за достава на документите почнува на 1-ви и трае до 30-ти октомври оваа година. Корисникот на стипендија треба да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, уверение за положени испити со успех од претходните години, УППИ образец за предвидени и положени испити со успех од претходните години, како докази дека има положено 80 односно 90 проценти (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија. Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на „http://e-uslugi.mon.gov.mk“. Од МОН соопштија дека за каква било информација или прашање корисниците да се обратат на електронската пошта „studentski.stipendii@mon.gov.mk“.бт/аа/

Остани поврзан