Монстат: Во Црна Гора регистриран негативен природен прираст за повеќе од 660 проценти
- Негативниот природен прираст во Црна Гора во првите седум месеци годинава пораснал за 660 отсто односно 6,5 пати во споредба со крајот на претходната година, се наведува во прелиминарните под
Подгорица, 7 октомври 2021 (МИА) - Негативниот природен прираст во Црна Гора во првите седум месеци годинава пораснал за 660 отсто односно 6,5 пати во споредба со крајот на претходната година, се наведува во прелиминарните податоци на црногорската Управа за статистика Монстат.
Во 2020 година Црна Гора првпат откако се води статистика, забележан е негативен природен прираст, што значи дека во земјата поголем број луѓе починале отколку што се родиле. Во 2020 година негативниот прираст изнесувал 196, а во првите седум месеци од годинава изнесува 1.297, односно разликата е 662 проценти.
Бидејќи станува збор за прелиминарни податоци не се исклучува можноста бројот на починати да биде зголемен поради дополнителното запишување во матичните книги.
Според податоците на Монстат, во првите седум месеци од 2021 година бројот на родени деца во Црна Гора е помал за 415 во однос на истиот период од лани, кога изнесуваше 189.
Негативен природен прираст во првите седум месеци од годинава регистриран е дури во 20 црногорски општини. ми/