• петок, 04 октомври 2024

Австриските железнички станици затворени поради закани за поставени бомби

Австриските железнички станици затворени поради закани за поставени бомби

Виена, 3 октомври 2024 (МИА) - Неколку железнички станици во Австрија се затворени поради повеќе закани за поставени бомби во изминатите неколку дена, изјави денеска портпаролот на полицијата за германската новинска агенција ДПА.

Досегашните закани се однесуваа на станици во главните градови на различни федерални земји. Тоа го сфаќаме многу сериозно, рече тој.

Синоќа упатени се закани до станиците во Св. Поелтен, Салцбург и Клагенфурт, завчера до главната станица во Линц, а во понеделник до главната станица во Грац. Сите станици беа затворени, а железничкиот сообраќај беше во прекин на неколку часа.

Полицијата добивала закани преку електронска пошта, во кои се тврди дека на станиците има експлозив што може да се активира. Засега не се пронајдени опасни предмети.

Австриските разузнавачки служби истражуваат низа закани. Австриската државна железничка компанија одби да ги коментира извештаите. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан