• петок, 02 август 2024

Молдавија протера руски дипломат

Молдавија протера руски дипломат

Кишињев, 1 август 2024 (МИА) - Молдавија протера руски дипломат и го повика рускиот амбасадор да му врачи официјална протестна нота, еден ден откако безбедносните служби приведоа двајца владини претставници под обвинение за предавство и заговор, соопшти молдавското Министерство за надворешни работи.

Молдавски безбедносен извор изјави за светските агенции дека двајцата мажи биле приведени завчера под сомнение дека му дале информации на заменик-аташето за одбрана во Руската амбасада во Кишињев. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан