• среда, 27 ноември 2024

Модна ревија „МЕТАВЕРЗУМ ИЛИ УНИВЕРЗУМ“ на Технолошко-металуршкиот факултет

Модна ревија „МЕТАВЕРЗУМ ИЛИ УНИВЕРЗУМ“ на Технолошко-металуршкиот факултет
Скопје, 16 јуни 2022 (МИА) - Технолошко-металуршкиот факултет и годинава по повод Денот на факултетот ќе ја организира традиционалната Модна ревија насловена како „МЕТАВЕРЗУМ ИЛИ УНИВЕРЗУМ“.
-Како и секоја година и оваа година, студентите од студиската програма: дизајн и инженеринг на облека, под менторство на м-р Лидија Георгиева, редовен професор, ќе ги прикажат своите стекнати знаења и креативни идеи преку своите креации, велат организаторите.
Тие најавуваат дека на ревијата ќе бидат присутни реномирани претставници од повеќе министерства, амбасади, државни образовни и странски институции, како и претставници од модната фела. сст/са/
     
   

Остани поврзан