• среда, 25 декември 2024

Модернизација и реконструкција на водоводниот систем во Општина Илинден

Модернизација и реконструкција на водоводниот систем во Општина Илинден
Скопје, 25 јули 2022 (МИА) - Општина Илинден соопшти дека го модернизира и реконструира водоводниот систем со цел поквалитетни услуги за побезбедна и поздрава вода за пиење за граѓаните и зголемување на капацитетот на водоснабдувањето. Како што информираат од Општината, екипи на ЈКП „Водовод” завршија со дислокацијата на дел од главната водоводна мрежа во должина од 600 метри на потегот од Марино до Кадино, при што се заменети старите ПВЦ цевки со нови полиетиленски. Модернизирањето на водоводната мрежа е со цел да се обезбеди поголем квалитет во водоснабдувањето во населените места Илинден, Марино, Кадино, Мралино, Бунарџик, Ајватовци и Бучинци. Обезбедувањето на квалитетна вода за пиење е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, така што општина Илинден во соработка со ЈКП „Водовод” и во наредниот ќе продолжи со модернизација и подобрување на водоводниот систем и во другите населени места, посочуваат од Општина Илинден. рп/

Остани поврзан