• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Млад скопјанец повреден со остар предмет пред угостителски објект

Млад скопјанец повреден со остар предмет пред угостителски објект

Скопје, 6 октомври 2023 (МИА) - Млад скопјанец синоќа се здобил со повреди од остар предмет пред угостителски објект, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Во 20.42 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на улицата „Тале Христов“ имало повредено лице со остар предмет. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека околу 20.30 часот, пред угостителски објект, две лица физички го нападнале М.А., на возраст од 18 години. Притоа, едно од нив со остар предмет му нанело повреди. М.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, се појаснува во соопштението.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан