Младите од Берово се запознаа со инструментот чембало
- Во рамките на активностите на Општина Берово, од областа на културата, денеска во салата на Бизнис инкубатор се одржа презентација и запознавање на учениците од двете основни и средното училиште, со инструментот чембало. Настанот се реализираше во соработка со чембалистот Цветанка Созовска, која живее и работи во Холандија.

Делчево, 29 април 2025 (МИА) - Во рамките на активностите на Општина Берово, од областа на културата, денеска во салата на Бизнис инкубатор се одржа презентација и запознавање на учениците од двете основни и средното училиште, со инструментот чембало. Настанот се реализираше во соработка со чембалистот Цветанка Созовска, која живее и работи во Холандија.
-Целта на проектот е збогатување на културниот живот во Берово и можност, учениците да се запознаат со еден поинаков вид музика и за нас нов и динамичен звук. Чембалото, како музички инструмент како што беше кажано пред учениците има прилично интересен и динамичен звук. Оваа алатка е структурно сосема различно од клавикорд. Учениците покажаа голем интерес за запознавање со инструментот чембало, информираат од Општината.
Во рамките на проектот, кој финансиски е поддржан од Министерството за култура, на 2 мај 2025 (петок) Цветанка Созовска ќе одржи концерт во салата на Бизнис инкубатор Берово.
Цветанка Созовска има дипломирано пијано, во класата на проф. Борис Романов во родното Скопје, по што специјализира чембало во Холандија, дипломира и магистрира на Кралскиот конзерваториум во Хаг. вс/дма/
Фото: МИА