• среда, 27 ноември 2024

Мицкоски: Приоритет подобрување на здравствената заштита и враќање на достоинството на медицинската професија

Мицкоски: Приоритет подобрување на здравствената заштита и враќање на достоинството на медицинската професија

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски заедно со владин тим оствари средба со синдикатот на здравствените работници со кои разговараше за положбата на докторите и останатиот здравствен персонал. Стана збор за потребата за зголемување на платите, но и зголемување на учинокот, како и поголема рамномерност во ангажирањето на здравствените кадри, информираат од владината прес-служба.

Владата, како што велат оттаму, ја афирмирала заложбата за почитување на трудот на лекарите и сите здравствени работници, како и потребата за унапредување на условите за работа и поголема достапност на здравствените услуги за граѓаните на кои им е потребна лекарска грижа.

-Една од областите која беше наследена каде состојбите се најлоши е токму здравството каде граѓаните имаа бројни забелешки. Основната компонента за враќање на достоинството на медицинската професија е создавање на услови за задоволни лекари и здравствен персонал, и тоа ќе биде приоритет во овој дијалог, како и паралелно инвестирање во здравствени капацитети и опрема, се вели во соопштението од Владата.

Во тој поглед, се додава во него, се реализира проектот за вработување на 600 специјализанти и млади лекари, продолжуваат инвестициите во Штипската болница, како и повеќе инвестициски процеси на повеќе болници од комплексот клиники Мајка Тереза.

Од Владата најавуваат дека дијалогот со Синдикатот продолжува и во наредниот период. сст/нд/

фото Влада

Остани поврзан