• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари

Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари. Како што рече денеска, сепак, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), како независно тело, го има последниот збор.

Оваа Влада, истакна Мицкоски, не е феудална, туку според Уставот е должна да се грижи за социјалниот мир.

-Нема да бидам измамник како што беше минатата влада, да кажувам дека Владата ги субвенционира сметките на граѓаните. Тоа не го прави. Ние сме Влада која според Уставот е должна да се грижи за социјалниот мир. Ние не сме феудална Влада, туку Влада која треба да се грижи за стандардот на граѓаните и затоа нема да ги лажам граѓаните дека и покрај тоа што на берзите цената на струјата е 100, 200, 300 евра за мегават час, а тука граѓаните ја плаќаат помалку од 60 евра, дека ние субвенционираме. Не, ние работиме заедно со граѓаните зашто се грижиме за социјалниот карактер на државата и од тие причини не очекувам дека ќе има поскапување на струјата. Сепак, секогаш РКЕ е таа што го има последниот збор, истакна Мицкоски. мч/ев/

фото/видео: МИА

Остани поврзан