• сабота, 23 ноември 2024

Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани

Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку социјалната мрежа „Фејсбук“ најави  германско-белгиска инвестиција.

Станува збор за германската компанија ЕПСОТЕХ која во партнерство со белгиската АИМ ќе инвестира во изградба на нов производствен погон во земјава, за што ќе бидат вложени 20 милиони евра.

- Објектот ќе биде лоциран во општината Петровец, надвор од технолошко-развојните зони и во него ќе се произведуваат елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија. Со градежни активности се започнува на крајот на август, а за една година се планира вработување на повеќе од 110 наши сограѓани. Toa што е значајно дека дел од инвестицијата е и Центар за истражување и развој што дава голема додадена вредност на истата и ќе значи ангажирање на високо стручни вработувања, напиша Мицкоски на Фејсбук. бак/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан