Мицкоски најави законски измени за условите за лиценци за дискотеки и кабареа
- Премиерот Христијан Мицкоски вели дека пропустот за контролирањето дали одредена дискотетека или кабаре ги исполнува условите е направен со измените во Законот во 2007 година според кои правното лице самото тврди дека ги исполнува условите и потоа нема проверки од страна на инспекторатот, односно се постапува по пријава. За надминување на таквите пропусти тој денеска најави измени на Законот за угостителство за што ќе се формира работна група. Соопшти дека од вчера и други органи во рамки на своите институции формирале комисии за да се проверат сите лиценци во државата.

Скопје, 18 март 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски вели дека пропустот за контролирањето дали одредена дискотетека или кабаре ги исполнува условите е направен со измените во Законот во 2007 година според кои правното лице самото тврди дека ги исполнува условите и потоа нема проверки од страна на инспекторатот, односно се постапува по пријава. За надминување на таквите пропусти тој денеска најави измени на Законот за угостителство за што ќе се формира работна група. Соопшти дека од вчера и други органи во рамки на своите институции формирале комисии за да се проверат сите лиценци во државата.
Мицкоски по посета на повредени од пожарот во дискотеката во Кочани порача дека со акцијата што ја почнал Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) за откривање негелагални лиценци ниту еден објект кој не ги исполнува како што стои според Законот, минимум техничките услови, нема да биде оставен да функционира.
Повика на разум и посочи дека го разбира револтот, но и дека со неправди и анархија не се носи правда.
- Во моментот трае акција на ДПИ на целата територија на државата. Согласно Законот за угостителство се лиценцираат кабареа, отворени и затворени дискотеки. Би кажал дека не е толкава бројката на целата територија, но е многу многу поголема од тие што имаат обезбедено законски документи. Во 2007 година е сменет законот, во тие измени докуентите кои ги доставува правното лице подносител на барање за лицеца тврди од морална, материјална и кривична одговорност дека ги исполнува условите. Проблемот е што екс пофицио не се проверени тие документи, така што овој објкет од 500 квадрати не може по ниту еден основ да биде кабаре и да бара лицеца за кабаре. Тука е дополнително проблемот правен затоа што за дискотеките надоместот што треба да се плати е поголем во однос на тие што се лиценцираат како кабаре. Се истражува и бидете сигурни дека ниту еден објект кој не ги исполнува како што стои според Законот, минимум техничките услови, нема да биде оставен да функционира со сиот ризик и критика што ќе ги трпи Владата, изјави Мицкоски, по посетата на повредени од пожарот кои се на лекување во ГОБ „8 Септември“.
Рече дека жали што „сето тоа се толерилало досега и што луѓето во Министерството за економија дури и кога ги добивале докуметите под полна материјална, морална, и кривична одговорност, не ги проверувале и што за 15 минути за одредена сума надомест се давани лиценците“.
- Но, тоа е она што можеме да го кажеме денеска. Кога би бил семоќен и би можел да го вратам времето некоку години би било се поинаку, но за жал не сум. Тоа што можам да го направам како премиер, и вчера и денеска на седница на Влада е робусна акција, жестока контрола и сите кои не ги исполнуваат условите согласно закон ќе бидат затворени и санкционирани, рече Мицкоски.
Тој прецизираше дека до 2007 година ДПИ утврдувал дали се исполнети минимум техничките услови, а со измените правното лице доставува со изјава под полна материјална, морална и кривична одговорност дека се исполнети минималните технички услови. Пазарниот инспекторат постапува по пријава, не е должен во временски период ниту по стекнување на дозволата да излезе на терен, наведе Мицкоски, појаснувајкќи дека проблемот е што никој не проверува бидејќи тоа се прави ако има пријава.
Се постапува, наведе премиерот, апсолутно по пријава, а конкретно за овој објект имало во 2022 година. Во 2021 е издадена лиценца првпат, а објектот работел од 2014. Вторпат лиценца е издадена во 2023 година, а фалсификувана е лиценцата во 2024 година.
Отфрли, како што рече, дека која било агенција за обезбедување има врска со ВМРО-ДПМНЕ. - Тврдам со сета моја одговорност дека не постои агенција која има некаква врска со ВМРО-ДПМНЕ, ако ми дадете еден доказ, утре ќе си дадам оставка, ако не да се извините, рече премиерот.
Овие осум-девет месеци, оцени премиерот, се обидовме онаму каде што можевме да корегираме и се справивме со сите предизвици со кои можевме да се справиме. Дали требаше и за ова да се справиме и на ова ќе му дојдеше редот, но за жал тие се капацитетите на Владата.
- Дали тие што отвораат втора, трета врата ќе ги исполнат техничките услови? Не, нема да ги исполнат затоа што минимум техничките услови побаруваат многу други услови. Дали тие кои ќе ги исполнат минимум техничките услови согласно новите измени во закоот кои мора да следат, за што ќе имаме посебна работна група откако ќе констатираме колку од овие лиценци се важечки, колку се дадени како што се дадени на овој локал во Кочани, бидејќи тој, ако ја видите лиценцата до ден пред да се случи овој настан поседувал важечка лиценца издадема на хартија, со печат, печатирана, потпишана. Значи, да дојде инспекција да провери, тој ќе ја извади лиценцата и ќе рече точно овој има лиценца, Но, ако го погледнете архивскиот број и проверите во архивата што ја проверува сега министерот за економија ќе видите дека станува збор за некое барање на некој хотел во Охрид. Втората фалсификувана лиценца е коресподенција со странски инвеститор, нема никаква врска со лиценца, рече Мицкоски.
Како што нагласи, не е проблемот дали некој е политички заштитен, туку, нагласи, тоа е криминал, растурен систем, поедици кои мислат дека се над системот. - Тоа е проблемот и тие денеска се во притвор. И за ова ќе одговараат, нема горна граница на пропишана казна, го слушнав обвинителот дека бараат најдолга можна запретена казна од 20 години. Тоа нема да ги врати човечките животи, но да ни биде опомена никогаш да не ни се повторат вакви работи и дека тоа што правиме денес ќе има последица во иднина и можат да бидат катастриофали, изјави Мицкоски. лв/бт/
Фото/видео: Влада