• среда, 08 јануари 2025

Мицкоски и Ѓорѓиевски помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови поворки

Мицкоски и Ѓорѓиевски помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови поворки

Скопје, 6 јануари 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски беа помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови поворки на плоштадот на Скопје.

-Голема е мојата чест, што заедно со премиерот Христијан Мицкоски и нашите семејства сме помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови поворки, посочува градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на неговиот Фејсбук статус.

 -Ова е најголемата радост за нас, православните Христијани! Малите златни ангелчиња од цело Скопје во огромен број пеејќи ја „Вечниот Бог” го најавија раѓањето на нашиот Бог Исус Христос а ние, како домаќини и како што доликува на нашата вековна традиција – ги дарувавме со коледарски пакетчиња.  Она што ме прави исклучително горд е што Македонија е повторно горда и повторно живее во духот на вистинските вредности, одбележувајќи го највеличествениот Бадник во регионот. Македонија почива на тие вредности, опстојува почитувајќи ја верата и традицијата. Затоа ние ја продолжуваме!, нагласи Ѓорѓиевски.

Како што посочува градоначалникот, ова се најрадосните денови кога сите сме сплотени како народ и меѓу нас има добра мисла и подадена рака.

-Посакувам да трае во текот на целата година! Дечиња, ви благодарам за прекрасниот ден! Благодарам на сите кои придонесовте ова да изгледа толку прекрасно! Ви благодарам што ја чувате традицијата и благодарам на вашите родители што ве водат по патот на вистинските вредности! Нека е за многу години овој голем празник, да си дочекаме уште многу вакви убави моменти. Бог нека дарува здравје и љубов на сите Честит Бадник, потенцирал Ѓорѓиевски.фф/вг/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан