• понеделник, 17 март 2025

Мицкоски во Кочани ја следи состојбата по пожарот, ја одложи посетата во Подгорица

Мицкоски во Кочани ја следи состојбата по пожарот, ја одложи посетата во Подгорица

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски по катастрофалниот пожар во Кочани од утрово ја следи состојбата по катастрофалниот пожар во дискотека што се случи ноќеска, информираат од Владата.

Премиерот го одлага патувањето во Подгорица на состанок на ЕПП, а ќе побара и одлагање на Самитот за Западен Балкан што треба да се одржи во Скопје. 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во изјава за медиумите исто така посочи дека и премиерот е во Кочани, но не кажа дали ќе има вонредно заседание на Владата.

Тошковски соопшти дека во пожарот во дискотеката загинале 51 лице, а над 100 се повредени. ев/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан