Ставот на Владата за уставните измени е јасен и остануваме на истиот, изјави Митева
- Ставот на Владата е јасен и остануваме на истиот, изјави денеска портпаролката на Владата Марија Митева на новионарско прашање за коментар на изјавата на евромесарката Марта Кос вчера ги повтори истите барања од ЕУ за спроведување на уставните измени за одблокирање на пристапните преговори.
Скопје, 28 ноември 2024 (МИА) - Ставот на Владата е јасен и остануваме на истиот, изјави денеска портпаролката на Владата, Марија Митева на новинарско прашање за коментар на изјавата на евромесарката за проширување Марта Кос вчера ги повтори истите барања од ЕУ за спроведување на уставните измени за одблокирање на пристапните преговори.
-Како Влада ценам дека имавме одговор на оваа состојба и на овие прашања. Ставот на Владата е јасен и остануваме на истиот, рече Митева.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата има дефинирани „црвени линии” во процесот на уставните измени и дека нема да отстапи од нив, ни да се подложи на „понижување“ и уништување на својот идентитет.
Прашана дали не смета дека е своевиден пристисок врз судството и обвинителството вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека робусно ќе им влезе на обвинителите и на судиите, кои се дел од судската власт, која е одделна од извршна власт, односно дали се враќа повторно партизираното судство, порпаролката на Владата кажа дека не се согласува со таквата оценка.
– Кој го кажува овој став дека е притисок, јас не можам да се согласам со тоа. Многу ми е драго што имате од спротивната страна правник со којшто разговарате, така што можеме да ги вкрстиме правните аргументи и да ви кажам дека тоа е ваш личен став и не станува збор за притисок. Многу ми е жал што не можете можеби да видите дека кога имате два проценти доверба во правосудството во целина кога граѓаните ви велат дека правосудството е навистина девастирано, партизирано да се согласите дека станува збор за притисок кога некој сака да ги промени работите. Жалам што имате такво размислување, рече Митева.
На новинарско прашање како жена како се чувствува по вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека „нема да толерира обвинителки кои имаат добиено кога треба да апсат“, Митева уверува дека познавајќи го начинот на комуникација на премиерот тој во ниедна состојба немал намера да навреди.
– Јас можам да кажам дека во рамки на она што се случува во Судскиот совет и во правосудството во целина можеме да видиме дека состојбите коишто ги има таму и коишто треба да се случуваат во рамки на поднесени кривични постапки се случуваат состојби коишто навистина се несвојствени. Познавајќи го начинот на комуникација на премиерот можам да ви кажам дека во ниедна состојба немал намера за навреда по однос на ликот и делото на која било жена што се занимава со општествена работа или, пак, е дел од политиката или жена во целост, вели Митева.
Таа одговори потврдно дека Владата ќе му помогне на ЈСП-Скопје доколку остане повторно без нафта.
– Во многу наврати зборувавме за состојбите коишто се случуваат во градот Скопје и за менаџментот којшто таму не успева да ги менаџира работите. Ќе ве потсетам дека многу време пред да се случи состојбата со ЈСП имавме состанок со градоначалничката која што тогаш велеше дека е одлична и дека ќе се справи со ситуацијата дојдовме до степен каде што имавме ваков застој. Се надеваме како Влада дека по завршување на набавката, која што сега е во моментов дека нема да се случи ваква состојба. Како Влада се разбира дека ќе помагаме во секој момент и онолку колку што можеме, рече Митева. вг/ац/
Фото: МИА Архива