Мисајловски и Лафчиски положија венец на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, каде пред 17 години загинаа 11 мировници од Армијата
- Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Сашко Лафчиски положија венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, каде пред 17 години во хеликоптерска несреќа трагично ги загубија своите животи единаесет припадници на македонската Армија враќајќи се од мировната мисија „АЛТЕА” во Босна и Херцеговина.
Скопје, 12 јануари 2025 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Сашко Лафчиски положија венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, каде пред 17 години во хеликоптерска несреќа трагично ги загубија своите животи единаесет припадници на македонската Армија враќајќи се од мировната мисија „АЛТЕА” во Босна и Херцеговина.
- Оддаваме почит на нашите загинати припадници на Армијата и на нивните семејства.
Да го зачуваме споменот и да не го заборавиме нивното херојско дело, за мирот и безбедноста.
Во спомен на Тони Спасовски, Горан Ристовски, Бране Спасовски, Игор Ѓорески, Славчо Василев, Тони Давитковски, Јанко Шириќ, Александар Тасковски, Мики Ивановски, Александар Васиќ, Златко Вељаноски. Нека им е вечна слава!, објави министерот Мисајловски на неговиот фејсбук профил. цр/
Фото: фејсбук на министерот за одбрана Владо Мисајловски