Мирор: Салах ќе го продолжи договорот со Ливерпул
- Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах одлучи да остане во клубот и да потпише нов договор.
Ливерпул, 8 декември 2024 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах одлучи да остане во клубот и да потпише нов договор.
Според „The Mirror“ имало преговори меѓу сопствениците на Ливерпул и играчот, што резултирало со нов 2-годишен договор понуден на напаѓачот.
Претходно, меѓу страните имаше спорови околу должината на договорот. Салах сакаше да добие 3-годишен договор, додека клубот беше подготвен да понуди само една година. Ова се должи на сопственичката политика на „црвените“ да не нудат повеќегодишни договори за играчи над 30 години. Фудбалерот дури даде изјава дека тековната сезона ќе му биде последна со тимот.
Навивачите на Ливерпул на еден од нивните домашни натпревари закачија транспарент со порака да се продолжи соработката со Салах.
Египѓанецот игра за Ливерпул од 2017 година. Неговиот актуелен договор е до летото 2025 година.
Оваа сезона 32-годишниот Египќанец има 15 гола и 12 асистенции на 21 натпревар за клубот во сите натпреварувања. зс/
Фото: ЕПА