• понеделник, 23 декември 2024

Минчев: Непоколебливата посветеност на револуционерите не инспирира да изградиме посилна, попросперитетна и демократска држава

Минчев: Непоколебливата посветеност на револуционерите не инспирира да изградиме посилна, попросперитетна и демократска држава

Скопје, 23 октомври 2024 (МИА) - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев упати честитка по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. 

-На овој историски ден, Денот на македонската револуционерна борба - 23 октомври, ја почитуваме храброста, решителноста и пожртвуваноста на македонските револуционерни херои кои ги поставија темелите на нашата борба за слобода и национално достоинство, наведува Минчев.

Според него, непоколеблива посветеност на револуционерите не инспирира да изградиме посилна, попросперитетна и демократска Република Македонија.

-Да го продолжиме нивното наследство преку единство, напредок и постојана потрага по правда и еднаквост за сите наши граѓани, порачува министерот. мч/дма/

фото: МИА архива  

Остани поврзан