• сабота, 23 ноември 2024

Минчев на предавање на државниот Факултет за информатички студии во Ново Место: Ги повика македонските студенти да се вратат и да станат двигатели на промените

Минчев на предавање на државниот Факултет за информатички студии во Ново Место: Ги повика македонските студенти да се вратат и да станат двигатели на промените

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - На покана на претседателот на управниот одбор на државниот Факултет за информатички студии во Ново Место, Словенија, проф. д-р Борут Рончевиќ, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, одржал предавање на кое ја истакнал клучната улога на образованието, иновациите и меѓународната соработка во поттикнувањето на општествениот напредок во регионот.

Како што денеска соопштија од Министерството зајавна администрација, обраќајќи се пред професорите и студентите, министерот Минчев ја поздравил програмата на Факултетот „Информатика во современото општество“, како водечки пример за подготовка на студентите за предизвиците на современиот свет.

Тој се осврнал и на тековните реформи и напорите за модернизација во јавната администрација во Република Македонија.

- Нашата цел е да го промовираме владеењето на правото, да ја намалиме корупцијата и да ја обновиме довербата на граѓаните во институциите, преку колективни, транспарентни и системски реформи, стои во соопштението.

Министерот Минчев ја искористил можноста да им се обрати и на македонските студенти кои студираат на Факултетот, повикувајќи ги да се вратат во својата татковина и да бидат идни лидери на промените и реформите.

- Вие сте амбасадори на промените, архитекти на напредокот и идни лидери кои сакаме да ни помогнат да го обликуваме патот на нашата држава. На Македонија и требате. Затоа што Македонија не е само место на мапата, таа е наш идентитет, наше наследство и наша колективна одговорност. Очекувам дека по завршување на Вашето студирање, по завршување на Вашиот образовен пат надвор од татковината, стекнатите знаења и вештини ќе ги искористите на вистинското место, дома, и ќе придонесете кон развојот на Република Македонија. Македонија Ве чека. Вашата приказна не завршува кога ќе дипломирате, таа започнува кога ќе се вратите таму каде што припаѓа Вашето срце, во Вашата родна земја, заклучил Минчев. цр/дма/

Фото: Министерство за јавна администрација

Остани поврзан