• недела, 22 декември 2024

Министрите за надворешни работи на Русија и Швајцарија телефонски разговараа за војната во Украина

Министрите за надворешни работи на Русија и Швајцарија телефонски разговараа за војната во Украина

Москва, 19 декември 2024 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Русија и Швајцарија, Сергеј Лавров и Игњасио Касис, телефонски разговараа за конфликтот во Украина, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. Разговорот, кој се случил вчера, претставува редок контакт помеѓу висок руски и западен претставник од 2022 година.

„Двете страни разменија мислења за конфликтот во Украина. Министерот детално ја објасни руската позиција за решавање на ситуацијата“, се наведува во соопштението.

Тема на разговор беше и ситуацијата во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), како и спречувањето на нови влошувања во рамките на Организацијата.

Лавров повторно го нагласи ставот на Кремљ дека проширувањето на НАТО кон исток е неприфатливо, нарекувајќи го „еден од длабоките причини за тековната ситуација“.

Односите помеѓу Русија и Швајцарија се значително влошени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Швајцарија воведе санкции кон Русија и организираше два мировни самита, на кои Русија не учествуваше. ссм/

фото: архива

Остани поврзан