• петок, 22 ноември 2024

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Скопје, 19 февруари 2024

Сакаме да ја информираме јавноста дека ги отфрламе паушалните и лажни обвинувања на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која уште еднаш покажа дека од Градот Скопје направи нефукционална институција.   

Данела Арсовска да ги води политичките игри и пресметки на друго место и на други теми и да не го вовлекува Министерството за транспорт и врски во креирањето на урбанистичките планови кои согласно закон се во изворна надлежност на општините.

Министерството за транспорт и врски не е институција која носи урбанистички планови, ниту пак се меша во просторниот развој на општните. Ако Данела Арсовска не го знае ова, нека се информира подобро од професионалци кои се занимаваат со оваа дејност.  

Според увидот што го направи Министерството за транспорт и врски во системот на е-урбанизам, јасно се гледа дека Град Скопје дури 72 дена не одговара на бараното мислење во однос на предметниот ДУП.  

Согласно член 36 став 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, Град Скопје е должен да одговори во рок од пет работни дена од приемот на барањето во електорнска форма на системот на е-урбанизам. Доколку не одговори, тогаш се смета дека Град Скопје нема забелешки и дека е дадено позитивно мислење.

Потенцираме, цели 72 дена, односно 51 работен ден Град Скопје не одговорил на барањето.  

Ако од Град Скопје сметале дека планот не треба да биде донесен, имале законска можност дури пет пати и 72 дена да се произнесат негативно.

Исто така сакаме да информираме дека во текот на постапката, Општината дури четири пати го доставила овој план до Минисерството за транспорт и врски, од кои три пати министерството даде известување со недостатоци, додека четвртиот пат општината ги корегира сите зададени забелешки.

Согласно ваквиот тек на настаните, Комисијата за урбанизам при министерството за транспорт и врски водејќи се од одредбите на Законот за просторно и урбанистичко планирање како и од Законот за урбанистичко планирање даде согласност на ДУП-от.

На крај би потенцирале дека донесувањето на Урбаниситичките планови не е постапка која ја води Министерството за транспорт и врски, туку согласно домашната легислатива носењето е во надлежност на Советот на општината, односно советниците се тие кои го гласаат или не го гласаат урабнистичкиот план.

Министертвото за транспорт и врски ќе продолжи да работи согласно законите во Северна Македонија и нема да дозволиме поединци да го вовлекуваат во евтин политички фолклор.  

Министерство за транспорт и врски

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Принтскрин

Остани поврзан