• петок, 15 ноември 2024

Министерството за правда и странски експерти ќе работат на надминување на проблемите во правосудството

Министерството за правда и странски експерти ќе работат на надминување на проблемите во правосудството

Скопје, 24 септември 2024 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков оствари средба со Марциа Палота, проектен офицер од  Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и тимот од проектот ,,Поддршка на ЕУ за владеење на правото”.

Со ова, како што соопшти Министерството за правда, ќе се поттикне  довербата на граѓаните преку воспоставување на правосуден систем кој ќе биде темел на праведно општество.

Проектот ја обезбедува потребната експертска поддршка на Министерството за спроведување и следење на Секторската развојна стратегија за правосудството 2024-2028 година, како и други активности, а се во насока на подобрување на законските решенија.  

-Предвидено е во текот на наредниот месец да се отпочне со јавни дебати за Законот за Судскиот совет и Законот за јавно обвинителство .
Ќе се реактивира и работата на Советот за следење на Стратегијата .За подобрување на  ефикасаноста на судскиот систем и антикорупциската политика ќе биде неопходно да се унапреди дигитализацијата и да се зајакне соработката помеѓу органите за спроведување на законот и правосудните органи, се наведува во соопштението.

Сето ова, како што велат од Министерството за правда, ќе и помогне на нашата држава да изгради подобар правен систем, да напредува кон интеграцијата во ЕУ и да се осигура дека реформите се одржливи на долг рок. дма/са/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан