• вторник, 24 декември 2024

Министерот Нуредини на конференција “Зелен економски круг” во Виена

Министерот Нуредини на конференција “Зелен економски круг” во Виена
Скопје, 17 јуни 2021 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ќе се обрати, како главен говорник, заедно со австрискиот федерален министер за дигитализација и економски прашања Маргарет Шрамбок, на конференцијата “Зелен економски круг” во Виена. Како што информираат од Министерството, конференцијата е посветена на презентирање и поврзување одржливи, иновативни и зелени политики, бизнис идеи, продукти и компании. -Министерот Нуредини во своето обраќње ќе зборува за имплементацијата на зелената агенда на Западен Балкан во Република Северна Македонија, односно поврзувањето на климатската заложба со зелени мерки за опоравување од Ковид 19 кризата, стои во соопштението.свс/скс/

Остани поврзан