• среда, 25 декември 2024

Министерот за одбрана на Израел во порака до Хутите ја презеде одговорноста за убиството на Ханија

Министерот за одбрана на Израел во порака до Хутите ја презеде одговорноста за убиството на Ханија

Тел Авив, 24 декември 2024 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Израел Кац синоќа првпат јавно призна дека Израел на 31 јули годинава во Иран го убил лидерот на радикалната палестинска група Хамас, Исмаил Ханија.

-Во овие денови кога терористичката организација Хути истрелува проектили кон Израел, сакам да им испратам јасна порака на почетокот на мојата изјава: го победивме Хамас, го победивме Хезболах, ја уништивме воздушната одбрана на Иран и имаме штета на производствените мрежи, го соборивме режимот на Асад во Сирија, нанесевме тежок удар на Оската на злото и тежок удар ќе и нанесеме на терористичката организација Хути во Јемен, рече Кац.

Во саботата, ракета истрелана од Јемен не беше пресретната од израелската противвоздушна одбрана и рани најмалку 14 лица во областа на Тел Авив.

-Ќе ја погодиме стратешката инфраструктура (на Хутите) и ќе ја отсечеме главата на нивното раководство, додаде израелскиот министер за одбрана, мислејќи на наследникот на Ханија на чело на радикалната палестинска група Хамас, Јахја Синвар и лидерот на либанското шиитско движење Хезболах - Хасан Насрала. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан