• сабота, 23 ноември 2024

Министерот за здравство на Израел заразен со коронавирус

Министерот за здравство на Израел заразен со коронавирус
Ерусалим, 2 април 2020 (МИА) - Многу израелски  официјални лица се во самоизолација откако беше потврдено дека министерот за здравство Jaков Лицман, кој исто така бил во чест контакт со претседателот Бенјамин Нетанјаху, е позитивен на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство на Израел. Речиси 7.000 лица во таа држава се позитивни на Ковид-19, додека броот на починати од тој вирус е 34. Големата ултра-ортодоксна заедница, во која Лицман исто така е член, е најпогодена од епидемијата на коронавирусот. Многумина од нив првично ја прекршуваа забраната за движење, но се чини дека, откако се зголеми бројот на пациенти, тие ги прифатија препораките на владата, јавија американски медиуми. паг/

Остани поврзан