• понеделник, 23 декември 2024

Министерот Алиу на Генералната конференција на УНЕСКО: Дигитализацијата е наш приоритет, да се зајакне меѓународната соработка

Министерот Алиу на Генералната конференција на УНЕСКО: Дигитализацијата е наш приоритет, да се зајакне меѓународната соработка

Скопје, 13 ноември 2023 (МИА) - Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу учествуваше на 42. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО која се одржува во Париз, Франција.

Како што информираат од МИОА, на Генералната конференција на УНЕСКО се дискутирало за основните предизвици коишто доаѓаат со дигитализацијата во глобален контекст.

Министерот во својот говор потенцирал дека користењето на технологијата и вештачката интелигенција за унапредување на науката и иновациите е голем чекор кон заеднички екосистем.

-Со обезбедување рамноправен пристап до технологијата и промовирање на етичка и одговорна употреба, УНЕСКО може да помогне во создавањето на средина каде нациите ќе можат да соработуваат за да имаат корист од технологијата на начини кои служат за одржлив развој, истакнал Алиу.

Тој посочил дека само преку меѓународна соработка, создавање мерки и развој на политики кои ќе ги поттикнат иновациите и инвестициите во дигиталната област можеме да имаме решенија за глобалните предизвици.

-Само преку дигитален, сеопфатен екосистем, јасни стратегии и широка соработка од различни чинители можеме да обезбедиме одговорна и иновативна употреба на технологијата согласно општествените потреби и вредности. УНЕСКО може да помогне во создавањето на сигурна платформа која сите нации можат да ја користат за да ги постигнат своите цели за развој и социјален  напредок, потенцирал министерот Алиу. фф/дма/

Фото: МИОА

 

Остани поврзан