• вторник, 24 декември 2024

Министерката Божиновска се сретна со Бјорн Габриел од Европската инвестициска банка

Министерката Божиновска се сретна со Бјорн Габриел од Европската инвестициска банка

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со Бјорн Габриел од Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Средбата, како што информира денеска Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, главно беше фокусирана на реформите во енергетскиот сектор што земјава ќе ги спроведе.

- Министерката Божиновска беше информирана за тековните проекти на ЕИБ во земјата, меѓу кои беше и интерконекторот за гас кој ќе поминува низ Македонија. Беше изразена благодарност што ЕИБ е партнер на нашата земја и е посветен на работата и развивањето на енергетскиот сектор во Македонија, со што соработката ќе продолжи и во иднината, се наведува во соопштението. мд/дма/

Фото: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан