• вторник, 07 јануари 2025

Милиони луѓе ширум САД ќе бидат погодени од снежнa бурa

Милиони луѓе ширум САД ќе бидат погодени од снежнa бурa

Њујорк, 5 јануари 2025 (МИА) - На милиони луѓе ширум САД им се заканува снежна бура, обилни снежни врнежи, мраз и замрзнат дожд, соопшти денеска Националната метеоролошка служба.

Гувернерите на Кентаки и Вирџинија прогласија вонредна состојба пред предвидената зимска бура.

„Оваа бура носи бројни опасности, од обилни снежни врнежи до формирање мраз на патиштата“, предупреди метеорологот Рич Бан од Националниот метеоролошки центар, додавајќи дека повеќе од 60 милиони луѓе се изложени на ризици поради претстојното невреме. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан