Милер стави крај на репрезентативната кариера
- Фудбалерот на Баерн, Томас Милер објави дека се повлекува од германската репрезентација. Тој рече дека ја почувствувал љубовта на навивачите кога го крена трофејот од Светското првенство.

Минхен, 15 јули 2024 (МИА) – Фудбалерот на Баерн, Томас Милер објави дека се повлекува од германската репрезентација. Тој рече дека ја почувствувал љубовта на навивачите кога го крена трофејот од Светското првенство.
- Отсекогаш сум бил многу горд што играм за мојата земја. Заедно славевме, заедно леевме солзи. Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи и репрезентативци. Ви благодариме за овие години, рече Мулер на својот канал на „YouTube“.
Триесет и четиригодишниот Милер за националниот тим игра од 2010 година, одигра 131 натпревар и постигна 45 голови. Фудбалерот учествуваше на четири европски и четири светски првенства.
Во 2014 година заедно со Германија го освои светскиот шампионат.
На Евро 2024, репрезентацијата на Германија загуби од Шпанија (1:2) во четвртфиналната фаза. зс/
Фото: ЕПА