Милан ќе го ангажира Жоао Феликс за 5 милиони фунти
- Напаѓачот на Челси, Жоао Феликс се сели во Милан на позајмица, тврди Фабрицио Романо.

Милано, 3 февруари 2025 (МИА) - Напаѓачот на Челси, Жоао Феликс се сели во Милан на позајмица, тврди Фабрицио Романо.
„Росонерите“ ќе платат 5 милиони фунти и ќе ја покријат платата на 25-годишниот Португалец. На Феликс му претстојат медицински прегледи.
Репрезентативецот на Португалија оваа сезона за тимот од Лондон постигна 7 гола и направи 2 асистенции на 20 натпревари. дс
Фото: Архива