• сабота, 23 ноември 2024

Милан преговара за продолжување на договорот со Кеси

Милан преговара за продолжување на договорот со Кеси
Милано, 11 февруари 2021 (МИА) - Милан преговара за продолжување на договорот со играчот за врска Франк Кеси, објави на Твитер новинарот Николо Шира. Според добриот познавач на состојбите во италијанскиот фудбал, „росонерите“ му нудат долгорочен договор на 24-годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата коска со зголемување на платата на 3,2 милиони евра годишно. Објавено е дека самиот играч сака да остане во тимот. Во тековната сезона, Кеси забележа 30 настапи за Милан, постигна седум гола и три асистенции. Договорот на актуелниот фудбалер важи до крајот на јуни 2022 година. зс/

Остани поврзан