• понеделник, 16 декември 2024

Милановиќ до хрватската ДИК ја поднесе својата кандидатура за претседател

Милановиќ до хрватската ДИК ја поднесе својата кандидатура за претседател

Загреб, 3 декември 2024 (МИА) - Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го достави својот предлог за кандидатура до Државната изборна комисија (ДИК). Предлагачи се група партии на чело со Социјалдемократската партија на Хрватска (СДП).

Со тоа Милановиќ е првиот кандидат за „Пантовчак“ кој поднесе своја кандидатура.

Од 14 потенцијални претседателски кандидати, досега само тројца го најавија своето доаѓање во ДИК. Покрај Милановиќ, ова го соопштија и кандидатот на ХДЗ, Драган Приморац и независниот Дражен Пилиќ, за во вторник на 10 декември во 18 часот.

Крајниот рок за пристигнување на апликациите е 10 декември на полноќ. По тој рок, ДИК има рок од 48 часа да ја потврди валидноста на потписите и да ја објави листата на кандидати за претседател на Републиката, а кога ќе го стори тоа ќе започне официјалната изборна кампања која ќе трае до 27 декември на полноќ.

Недела, 29 декември е денот кога ќе се одржат осми претседателски избори. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан