22 октомври 2024
Скопје - Дипломатската патна исправа на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини е повлечена од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, потврдуваат за МИА од МНРиНТ.
Од Министерството, напоменуваат дека од стапување во функција на новата Влада, до денес повлечени се вкупно 230 дипломатски патни исправи.
Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со починатото 14-месечно бебе во Скопје, изјави дека добро е што Клиниката за педијатрија презема одреден чекор и изрази надеж оти „ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле“.
Скопје - Ќе имаме две компресорски станици, нова и сервисирана. Ова го соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој одговараше на новинарски прашања пред Клиниката за онкологија.
Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари, кој е дел од коалицијата „Вреди“, коментирајќи ја одлуката на Централното претседателство на ДУИ да одржуваат состаноци од отворен карактер со присуство на граѓани, рече дека она што треба да го направи ДУИ е да се реформира бидејќи, како што посочи, има многу некредибилни луѓе меѓу нив.
Скопје - Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, вкупното бруто-примарно производство на енергија во Република Северна Македонија изнесувало 936 031 toe или 34.7 % од вкупно потребната енергија.
Вкупната потребна енергија за 2023 година изнесувала 2 698 648 toe.
Скопје - Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41 097 денари, што е за 12.9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Скопје - Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска го примила Аким Али, шеф на канцеларијата на Светската здравствена организација и специјален претставник во Скопје.
На средбата, како што соопштија од нејзиниот кабинет, претседателката Сиљановска Давкова била информирана за тековните активности, улогата на СЗО во земјава и во регионот и нивната соработка со локалните здравствени институции со цел подобрување на отпорноста на здравствените системи за справување со пандемии, или здравствени кризи.
Сараево – Босна и Херцеговина мора да биде во постојана готовност поради малигното руско влијание, а наводите за обука на лица кои требаше да предизвикаат немири во Молдавија за време на минатонеделниот референдум и претседателските избори треба да бидат темелно истражени, предупреди министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ.
Братислава - Во местото Комарно, на словачко-унгарската граница, денеска почна трилатералната средба на српскиот претседател, Александар Вучиќ, и кодомаќините премиерите на Унгарија, Виктор Орбан, и на Словачка, Роберт Фицо, на која централна тема ќе биде регионалната соработка и новите, иновативни решенија за запирање на илегалната миграција кон балканската рута.
Брисел - Европската унија го поздравува исходот од референдумот за членство во ЕУ во Молдавија, како израз на аспирациите на молдавските граѓани за мирна, независна, стабилна, демократска и просперитетна држава, оцени високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во изјава во врска со гласањата на референдумот и претседателските избори во Молдавија одржани во неделата.
Брисел - Референдумот за членство во ЕУ и претседателските избори во Молдавија одржани во неделата и претстојните парламентарни избори Грузија в сабота го вклучија алармот во Унијата, поради нејзината немоќ да се справи со засилената пропаганда, ширењето лажни вести и обидите за мешање од страна на Москва, која вложува значителни средства во битката за влијание во некогашните советски републики.
Киев - Во окупираниот град Енерходар во близина на јужната украинска нуклеарна централа Запорожје нема струја, соопшти денеска највисокиот функционер во регионот поставен од Москва.
- Во градот нема напојување, напиша Евгениј Балицки на Телеграм, барајќи од жителите „да останат смирени и да заминат во засолништа“.
Велингтон – Знак на аеродромот Данедин во Нов Зеланд стана вирален затоа поставува ограничување за тоа колку долго луѓето можат да се гушкаат во зоната за оставање патници.
- Максимално време за гушкање 3 минути. За подолги збогувања, ве молиме користете го паркингот, стои на неодамна поставениот знак.
Тајпеј – Тајван повторно го отфрли барањето на Јужна Африка да го пресели своето претставништво во земјата од главниот град Преторија во Јоханесбург.
Портпаролот на тајванското Министерство за надворешни работи, Џеф Лиу, на денешната прес-конференција рече дека барањето за преместување или затворање на канцеларијата целосно го прекршил договорот од 1997 година за локацијата на нивните заеднички претставништва по прекинот на формалните дипломатски односи.