• среда, 20 ноември 2024
МИА Флеш

  10 октомври 2024

 

Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во одговор на новинарско прашање да го искоментира укинувањето на „балансерот“ од страна на Уставниот суд, рече дека бидејќи етничката припадност е уставна категорија, неопходен е нов закон. 

Скопје - Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнис секторот ќе одат преку Развојната банка која треба да преговара со комерцијалните банки под кои услови ќе им бидат дадени на компаниите. Парите се очекува да бидат достапни до крајот на годинава. 

- Во текот на следната недела очекуваме да биде направен преносот на средствата. Тука ќе треба да се направи и прераспределба во рамки на Буџетот. Ние ќе ги префрлиме парите кон Развојната банка на принцип на позајмица и таа понатаму ќе ги пласира. Мојата обврска беше да го потпишам кредитот, да ги обезбедам средствата, да ги префрлам на Развојната банка со склучен договор меѓу Министерството и Развојната банка, а понатаму Развојната банка и луѓето вклучени во целата постапка, треба да си ги преземат обврските и да ја продолжат понатамошната комуникација со комерцијалните банки, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска на прес-конференција во Владата.

Скопје - Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска е задоволна од сработеното во изминатите 100 дена имајќи предвид во каква состојба го презеле Буџетот. Вели обезбедено е финансирање за сервисирање на сите обврски до крајот на годината и постепено стаблизирање на јавните финансии. 

На денешната прес-конференција на која даде осврт за сработеното во изминатите 100 дена, Димитриеска-Кочовска посочи дека пензиите се зголемени и обезбедени се средства за нивна редовна исплата до крајот на годината, до ребалансот дополнета е ставката за исплата на плати со 4,2 милијарди денари, исплатени се заостаантите плати во Национални шуми и Водостопанство, обезбедени се средства за студентски оброк, за здравствена заштита...

Скопје - Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска денеска на прес - конференциај по повод 100 дена од работата на Министерството изјави дека останува на својот став против замрзнувањето на маржите оти не носат резултат, бидејќи во државните институции нема капацитет за следење на почитување на мерката и очекува да има промени во тој дел.

Скопје - Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од потпретседателот и претседател на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски, и членовите на Комисијата: Рашела Мизрахи, Митко Трајчулески и Дијана Тоска, учествуваше на Самитот за парламентарна димензија на Берлинскиот процес, кој се одржа на  9 октомври 2024 година во Берлин, Германија. 

Скопје - Царинските управи имаат важна водечка улога за националната безбедност, но и меѓународната безбедност. Легалните аеродроми во моментов се таргет за криминалците, при што целта им е забранетите супстанци да стигнат на таргетираните аеродроми и потоа да ја дистрибуираат на разни пазари. Наша задача е преку зголемена соработка, размена на искуства и вложување во зајакнување на институционалните капацитети да ги сузбиеме криминалните мрежи.

Ова го истакнал директорот на Царинска управа  Бобан Николовски на дводневниот настан за зголемување на регионална соработка и борба со трговијата со дрога по воздушен пат, што се одржува во Софија, во организација на Групацијата за меѓународна соработка на Советот на Европа за дроги и зависности и националната Царинска агенција на Бугарија позната како Помпиду групација.

Скопје - На плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска беше одбележан Светскиот ден на менталното здравје. Настанот беше во организација на Универзитетската клиника за психијатрија, со цел подигнување на свеста за важноста на менталното здравје. Како што беше кажано, во нашава држава има пораст на лицата со нарушено ментално здравје, а најавени беа и низа активности со цел да се подигне свеста на оваа тема.

Директорката на Клиниката за психијатрија, Славица Арсова, во изјава за медиуми, рече дека за менталното здравје треба да се зборува на отворено, а не зад затворени врати. Затоа, тие денеска одлучиле да зборуваат за менталното здравје на плоштадот.

Скопје – Стопанската комора на Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса посветена на улогата која здруженијата во нејзин состав ја имаат во креирањето стручно образование и обука според барањата и потребите на бизнисот.

Наташа Јаневска, проектен менаџер во Стопанската комора, изјави дека „образование по мерка на бизнисот“ отсекогаш било меѓу приоритетите на Комората, затоа што, рече, на компаниите им е потребен квалитетен и стручен кадар којшто може веднаш да премине од училишната во работната средина и да одговори на потребите и на сите технолошки процеси и промени со кои се соочуваат компаниите.

Охрид – Македонската туристичка понуда е презентирана на Меѓународниот саем за туризам (ИТФ) што се одржува во Истанбул.

Претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на туристичката берза во Турција ќе ги промовираат туристичките содржини на земјава, како и можностите за зголемување на туристичкиот промет во државава.

Како што е објавено на фејсбук-профилот на АТТП, директорката на Агенцијата Билјана Стефаноска во Истанбул остварила средба со членови на Управниот одбор на ТУРСАБ, при што било договорено информативно патување на турски тур-оператори на земјава.

Скопје - Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2024 година, 90.8 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома.

Во првото тримесечје од 2024 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 91.2 %, а 76.4 % го користеле неколкупати во текот на денот.

Во последните 12 месеци, 63.5 % од граѓаните во земјава нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет. 

Скопје - Во август годинава издадени се 275 одобренија за градење, што е за 20.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 851 654 илјади денари, што е за 31.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 165 (60.0 %) се наменети за објекти од високоградба, 45 (16.4 %) за објекти од нискоградба и 65 (23.6 %) за објекти за реконструкција.

Скопје - Над 1200 лиценци за производство на струја од обновливи  извори за помалку од три години поминаа низ регулаторен филтер и се квалификуваа да се приклучат на мрежата. Тоа резултираше со инвестициски бум во обновливи извори кои го стопија увозот на струја од 40 % на 2,75% и денеска тој процес е незапирлив и енергетскиот круг се очекува да се затвори преку инвестиции во батериски системи и обезбедување на балансна енергија, посочи  Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на панелот „Обликување на обновливите политики: Дијалог со регулаторите од Западен Балкан“, во рамките на Недела на енергетика на Западен Балкан, што се одржува во Будва, Црна Гора.

Приштина – Првиот вицепремиер и главен преговарач на Косово во дијалогот со Србија, Бесник Бислими денеска ќе оствари средба со специјалниот емисар на Европската Унија за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Мирослав Лајчак, јави дописникот на МИА од Приштина.

На вчерашната прес-конференција по седницата на косовската Влада, Бислими рече дека Лајчак работи на закажување на следната средба на главните преговарачи на двете држави.

Белград - Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ ќе биде домаќин на претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, кој денеска попладне и утре ќе престојува во официјална посета на Белград.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според програмата на посетата, претседателите Вучиќ и Ердоган утре ќе одржат состанок по што ќе се одржи четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Република Србија и Република Турција. По средбите предвидено е свечено потпишување на договори и изјави за медиумите, а Вучиќ и Ердоган ќе присуствуваат и на бизнис форум.

Приштина – Пред полициската станица во Северна Митровица утрово почна протест поради апсењето и полициското приведување на лидерот на партијата на косовските Срби, Српска демократија, Александар Арсенијевиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тој вчера беше петтипат уапсен за нешто повеќе од два месеци, откако повторно со свирење, заедно со негови сопартијци, протестираше поради доаѓањето на локалните функционери Албанци на шеталиштето во Митровица.

Стокхолм – Шведската полиција соопшти дека истражува инцидент со огнено оружје во близина на израелски објект во градот Гетеборг.

Шведската национална телевизија јави дека пукотница имало во близина на израелската одбранбена компанија „Елбит системс“ (Elbit Systems), но оти во инцидентот нема повредени лица.

Кишињев - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ќе ја посети Молдавија за да разговара со прозападната претседателка, Маја Санду и да покаже поддршка пред претседателските избори во земјата на 20 октомври и референдумот за членство во Европската унија.

Санду ќе се бори за втор претседателски мандат на изборите, на кои ќе гласаат Молдавците и на референдум членството во ЕУ ќе биде запишано во Уставот како „стратешка цел“.

Ханој – Премиерот на Кина, Ли Чијанг денеска на Самитот на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН) апелираше за поголема економска соработка на Пекинг со Југоисточна Азија.

- Интензивирањето на трговските односи и создавање на пазари од ултра големи размери се клуч на економскиот просперитет. Глобалната економија и понатаму доживува бавно заздравување, расте протекционизмот, а геополитичките потреси донесоа нестабилност и неизвесност, посочи Ли.

Брисел – Во услови кога поголемиот дел од оваа година европските институции се во режим на бирократско ресетирање, во Брисел се чувствува изразен недостиг на потребата од итност, оценува анонимен дипломат на ЕУ во изјава за бриселскиот портал „Политико“.

Порталот оценува дека прво, институциите на ЕУ беа парализирани од јунските европски избори, а сега во блокот се предвидува уште една година на застој, бидејќи европските бирократи ќе ги чекаат резултатите од германските избори во есента 2025 година.

Киев – Парламентот на Украина денеска изгласа зголемување на даноците за време на војната, со цел да се зајакнат државните финансии.

Со новиот закон воениот данок се зголемува од 1,5 на пет отсто за граѓаните на Украина, но за припадниците на армијата данокот останува на 1,5 проценти.

Мајкоп - Руските власти ги евакуираа селата во Република Адигеја на Северен Кавказ поради пожар по напад со беспилотно летало.

Селото Родникови во руската Република Адигеја во Северен Кавказ утрово е евакуирано поради пожар што избувна по напад со дрон, изјави шефот на Адигеја, Мурат Кумпилов, на Телеграм.

Според него, нападот бил насочен кон предградијата на главниот град - градот Мајкоп, а нема повредени. Во близина на градот се наоѓа воздухопловната база „Ханска“.

Тагови

Остани поврзан