29 октомври 2024
Скопје – Развојот на новите технологии и промените што се случуваат во глобалната економија ќе донесат поголеми промени, отколку во претходните 100 години, порача директорката за содржина на „Блумберг Адрија“ Јелисавета Лазаревиќ на отворањето на конференцијата на тема „Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“
– Кога зборуваме за бизнис, всушност зборуваме за фактот дека дефинитивно живееме во свет каде што во наредниот период развојот на новите технологии и промените што се случуваат во глобалната економија ќе донесат поголеми и побрзи промени отколку што беше случај во претходните 100 години. Во такво опкружување на несигурност и брзи промени, „Блумберг Адрија“ всушност има за цел да обезбеди напредок и всушност претставува место кое дава можност за напредок, посочи Лазаревиќ.
Скопје – Во СВР Скопје утринава е пријавено дека во фабрика во населбата Илинден е поставена експлозивна направа. По извршените проверки, констатирано е дека станува збор за лажна пријава.
-На 29.10.2024 год. во 08.20 часот во СВР Скопје, вработена во правно лице од н. Илинден во Скопје пријавила дека на службениот меил на правното лице во 6 часот стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа, се вели во соопштението на МВР.
Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Будва во рамки на Министерскиот Форум ЕУ-Западен Балкан за внатрешни работи остварил билатерална средба со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ.
- На средбата ја нотиравме одличната соработка помеѓу двете министерства која во последниот период добива на засилен интензитет преку сите меѓународни и регионални канали во рамките на пропишаните и прифатени стандарди на ИНТЕРПОЛ. Тоа подразбира брза, квалитетна и ефикасна размена на оперативни сознанија, односно редовно постапување по барања упатени од двете држави за различни видови на проверки во сите форми на организиран криминал, објави на неговиот фејсбук профил министерот Тошковски.
Скопје - Советот на јавни обвинители денеска донесе одлука за номинирање членови и заменици членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
За членови се избрани Душица Димитриеска и Башким Бесими, а за заменици членови Татјана Кацарова и Теута Рамадани.
Скопје – Околу 60 компании со различни дејности кои добиле пари од државата за иновации и развојни проекти, наместо да ги реализираат имале проекти без резултати или тие биле фиктивни или „фантомски“. Го оштетиле буџетот и му должат вкупно 192.888.642 денари или околу 3,2 милиони евра на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) од кој во изминатите неколку години добивале грантови за поддршка на проектите.
Тоа го покажала тековната внатрешна ревизија што ја спроведува новото раководство на ФИТР. В.д. директорот Никола Додов денеска на прес-конференција рече дека се откриени сериозни неправилностите во работата на Фондот кој доделувал пари без исполнети критериуми за поддршка на проекти, а спротивно на правилникот и одредбите од Законот за иновациска дејност, пари добивале и приватни здравствени установи кои со нив купувале медицинска опрема.
Скопје - Пратеникот Скендер Реџепи и претседател на Движење Попули денеска до Уставниот суд поднесе Иницијатива за оспорување на Методологијата за спроведување на пописот во РСМ - 2021 година, во делот на поделбата на резидентно и нерезидентно население, бидејќи сега вработувањата и распределбата на парите во општините се вршат врз тие бројки од пописот.
Во изјава за медиумите тој кажа дека смета оти се повредени членовите 8,9 и 51 од Уставот и членовите 6,7 и 17 од Законот за попис.
Скопје - Полициски службеници од ПС за граничен надзор Сопот при РЦГР Север синоќа околу 23 часот го лишиле од слобода Ф.А.(21) од Тирана, Р.Албанија поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, предвидено по член 418-б од КЗ на РСМ.
МВР денеска соопшти дека околу 23 часот на место викано „Костурник“, кумановско, полициските службеници забележале патничко возило „ауди А3“ со косовски национални ознаки, управувано од пријавениот, во кое имало мигранти.
Охрид – Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ (LWOH) ќе добие свој детален приказ на најновото издание на „Microsoft Flight Simulator 2024“ чие објавување е најавено за наредниот месец.
Станува збор за најнов апдејт на аеродромот изработен од страна на софтверската компанија „SoFly“, која за потребите на симулаторот направи неверојатно детален приказ на аеродромот, доловувајќи ја речиси во оригинал неговата уникатна околина и пејзаж.
Кавадарци - Советот на Општина Кавадарци усвои програма за хуман третман и благосостојба на бездомни животни на кавадаречко општинско подрачје за 2024 година. Програмата за хуман третман на бездомни кучиња на јавното претпријатие ,,Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство Стационар Шепа Кавадарци", беше на дневен ред на денешната 48 седница.
Скопје - Секоја среда во 21.00 часот во културно - едукативниот центар Лабораториум се одржува активноста Jam session која трае до полноќ. Се мести стандарден сетап: гитара, бас гитара, тапани и синтисајзер и секој вљубеник може да дојде и да свири на овие инструменти, или пак може да си донесе свои. Тука и публиката игра важна улога: некому е првпат на сцената, и публиката ги охрабрува и кога се толку добри што музиката која ја креираат е нова и нема да ја најдeте на Shazam, но и кога заради трема, нема да тргне од прва. Сите тие луѓе се таму за музичарите на сцена да успеат, активноста е бесплатна, нема никакви обврски за учесниците и секој љубител на овој тип музика е добредојден.
Велес - Во преполната сала на Општина Велес синоќа се одржа традиционалната 14-та ораторска вечер „Петар Поп Арсов“ на која учествуваа шест млади оратори од земјава. Темата на конкурсот беше „Иднината е во наши раце, продолжуваме за поуспешна иднина“. На конкурсот се пријавиле 10 учесници, од кои жири комисијата избрала шест.
Жири комисијата на ораторската вечер синоќа по настапот на шестте оратори, одлучи првото место да му припадне на Стефан Ѓорѓиевски од населбата „Ѓорче Петров“ од Скопје. Второто место и припадна на Ивона Тодорова, а третото на Даниела Павловска.
Скопје - Машката одбојкарска репрезентација на Македонија трета година во низа ќе биде дел од силното континентално натпреварување, Златната Европска лига, откако Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука да достави апликација до Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) за учество во изданието во 2025 година, објави ОФМ.
Машкиот национален тим од 2014 година константно е дел од годишните натпреварувања на ЦЕВ и досега има освоено четири бронзени и два сребрени медали.
Белград - Србија не воведе санкции против Русија, задржа односи на високо ниво со таа земја и ги интензивираше односите со Кина, што отвора прашања за нејзината стратешка насока, се наведува во нацрт-извештајот на Европската комисија за напредокот на Србија кон членството во ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.
-Србија сè уште не се усогласи со ниту една од рестриктивните мерки против Руската Федерација, ниту пак со повеќето изјави на високиот претставник за ова прашање. Одржуваше односи на високо ниво со Руската Федерација и ги интензивираше односите со Кина, што го поставува прашањето за стратешката насока на Србија, се вели во нацрт-извештајот за Србија, до кој Хина имаше пристап.
Сараево - Високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит извести пред Советот за безбедност на ОН дека земјата не го искористи моментумот постигнат на почетокот на годината на патот кон европската интеграција и сега заостанува зад другите земји во регионот, додека во исто време се соочува со познати предизвици како што се сецесионистичките закани.
Ова е наведено во последниот редовен шестмесечен извештај што високите претставници го испраќаат во Обединетите нации од 1996 година. Извештајот треба да биде тема на расправа на седницата на Советот за безбедност во ноември.
Софија - Ги извршивме сите обврски кои ни беа зададени за изборите да бидат фер, изјави денеска привремениот премиер на Бугарија Димитар Главчев пред новинарите.
Главчев посочи дека не може да процени какви се шансите да се формира редовна влада.
- Не можам да зборувам за шансите, не сум ниту социолог, ниту политолог. Не можам да предвидам какви ќе бидат процесите, но сè уште се надевам дека ќе се формира редовна и стабилна влада. Сите имаат потреба од тоа, рече техничкиот премиер.
Минск – Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска испрати честитка до турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по повод националниот празник Денот на Републиката.
Лукашенко во честитка наведува дека Турција има важна улога во одржувањето на мирот и стабилноста во регионот и светот.
Тој, исто така, истакна дека Минск и Анкара се поврзани преку многу проекти во различни области – од трговија и инвестиции до испраќање хуманитарна помош за оние на кои им е потребна.
Брисел - Новата монетарна алатка - дигиталното евро, за која постојат стравувања дека би можела да го дестабилизира европскиот банкарски систем доколку погрешно се менаџира, предизвикува несогласувања меѓу најмоќните земји членки на ЕУ и Европската централна банка (ЕЦБ) околу контролата врз овој инструмент.
Дигиталното евро, замислено како виртуелен пандан на евро монетите и банкнотите, веќе неколку години го развива ЕЦБ со идеја да претставува сеевропски пандан на американските „Виза“ и „Мастеркард“.
Брисел - Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека, без разлика што на последниот состанок на дијалогот нема напредок во спроведувањето на Договорот за нормализација од 2023 година, тој е оптимист за напредокот во однос на некои други клучни прашања.
Тел Авив – Израелската армија (ИДФ) соопшти дека дронот што утрово експлодира во близина на крајбрежниот град Ашкелон, јужен Израел, е лансиран од Јемен.
Во инцидентот нема повредени луѓе, а беспилотното летало предизвикало мал пожар.
Во меѓувреме, портпаролот на Хутите изјави дека групата утрово лансирала неколку дронови кон индустриската зона во Ашкелон.
Техеран – Владата на Иран планира да го зголеми воениот буџет за околу 200 проценти, изјави владината портпаролка Фатемех Мохаџерани.
Планираното зголемување на буџетот за одбраната е дел од предлогот за државниот буџет, што Владата го поднесе до Парламентот на одобрување.
Брисел - Во првата половина на 2024 година, просечните цени на електричната енергија за домаќинствата во Европската Унија бележат мал пораст, од 28,3 евра за 100 киловат-часови (kWh) во втората половина на 2023 на 28,9 евра за 100 kWh.
И покрај намалувањето на цената на енергијата, снабдувањето и мрежните услуги, кои беа намалени за два отсто во споредба со втората половина на 2023 година, вкупните цени се зголемија за два отсто бидејќи владите ги намалија субвенциите, таксите и даночните намалувања за потрошувачите и, според податоците од европскиот Завод за статистика, Евростат, вкупните даноци се зголемени за 16 отсто, во однос на втората половина од 2023 година.
Вашингтон - Суд во САД донесе пресуда за последниот од петмината членови на групата бели супремисти која подготвувала напади на објекти на енергетската инфраструктура на САД, соопшти Министерството за правда.
Џордан Данкан (29) од Северна Каролина е осуден на седум години затвор за изработка на кратка пушка со што го прекршил федералниот закон за оружје. Другите членови на групата беа осудени претходно годинава.
Москва - Руската армија напредна 478 квадратни километри на украинска територија во текот на октомври, што е рекорд од март 2022 година, кога се случија првите недели од војната.
До 27 октомври, руските сили зазедоа повеќе територии отколку во август и септември 2024 година (477 и 459 квадратни километри, соодветно), поради значителните промени на линијата на фронтот, особено во источна Украина околу градот Покровское.
Две третини од освоените територии на Русија или 324 квадратни километри се наоѓаат во источниот регион на Доњецк.
Пекинг - Кина потврди дека привела државјанин на Јужна Кореја, осомничен за шпионажа.
По првпат е приведен јужнокорејски државјанин според новиот закон за борба против шпионажа, кој во Кина стапи во сила во јуни минатата година. Случајот би можел да ги одврати инвестициите и активностите на јужнокорејските компании кај најголемиот трговски партнер на земјата.
Претходно, јапонски бизнисмени ја напуштија Кина откако еден нивни сограѓанин беше обвинет за слично дело.
Џакарта – Претседателот на Индонезија, Прабово Субианто ќе ги посети Кина, САД, Перу, Бразил и Велика Британија, при што ќе истакне дека ќе ја продолжи долгогодишната надворешна политика на неутралност на Џакарта за време на неговиот мандат.
Субианто ја презеде претседателската функција на 20 октомври.
Кина ќе биде првата дестинација на Прабово на неговата турнеја, а таму ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, со кинескиот премиер Ли Чијанг и со претставници на Парламентот. Потоа, тој ќе замине во Вашингтон, каде ќе оствари средба со претседателот на САД, Џо Бајден.
Њујорк - Досега непознат валцер е откриен во трезорот на американската Библиотека-музеј „Морган“ во Њујорк. За новопронајденото музичко дело, се верува дека го напишал полскиот композитор Фредерик Шопен, пред речиси 200 години.
Реткиот ракопис, имено, го открил кустосот Робинсон Меклејлан при каталогизациите. Тоа потоа дошло во рацете на стручњак за делата на Шопен, за да се утврди автентичноста на партитурата. Записот е датиран меѓу 1830 и 1835 година. Не е потпишан од Шопен, но може да се види неговиот препознатлив бас-клуч меѓу нотите.